Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби таа ќе дојде на местото на Таравари кој најави излегување од Владата, а е министер за здравство, изјави дека „Владата има премиер, а веројатно има и преговарачки тим, тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде“.

Дали ќе прифати ако и предложат таква позиција, Јаневска кажа дека е рано да се размислува за такво нешто.

-Сосема е рано да се размислува за такво нешто, ќе кажат тие што се одговорни, кога ќе дојде тој момент, тогаш ќе разговараме, истакна Јаневска.

Изјавата на Билал Касами дека е можно секторот здравство да го добие ВМРО-ДПМНЕ, Јаневска ја слушнала од медиумите.

-Како министер за образование имам толку многу работа да досработам што навистина не мислам, ниту сум вклучена во тие преговори и повторно ќе кажам, има одговорно лице кое ќе каже како треба да биде, подвлече министерката

Back to top button
Close