Јаневска: Учениците имаат помалку часови од врсниците во ЕУ, треба да се воведе поголем ред во образованието

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е задоволна што грипот не достигна поголеми размери и што учениците денеска без одлагање го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година.


Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е неопходно да се воведе поголем ред, имајќи предвид дека учениците во земјава и онака поминуваат помалку време на настава.

Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – додаде Јаневска.

Изјавата следува по актуелните дискусии во јавноста за можноста зимскиот распуст да биде продолжен поради зголемениот број заболени од грип. Според министерката, сите релевантни истражувања, и домашни и меѓународни, покажуваат дека подолгиот престој на учениците во училишните клупи резултира со подобри образовни постигнувања и стекнување повеќе знаења и вештини.

Back to top button
Close