Јаневска: Во Штип, Битола и Скопје ќе ги користиме амфитетарите на универзитетите за полагање на државна матура

Средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која одговараше на прашање за подготовката на полагање на државната матура во Штип и во училиштата низ цела држава.

– Кампус 4 е определен за регионалниот центар и Гиманзијата и во Кампус 2 се останатите училишта. Сите училишта од Штип, кои кажале дека имале потреба од соодветен простор ќе полгаат во амфитеатрите на УГД, затоа што исто така му благодарам на ректорот за разбирањето и на деканите се разбира за разбирањето на оваа потреба, вели Јаневска.

Министерката за образование и наука додаде дека во моментов се обезбедуваат условите за полагање, бидејќи меѓу матурантите треба да има растојание од метар и половина.

– Во Штип, Битола и во Скопје ќе ги користиме универзитетите. Материјалите се во подготовка, мобилни телефони нема да се употребуваат, односно тестаторите ќе бидат задолжени да спроведат учениците да си ги остават мобилните телефони на соодветно место во просторијата, каде што ќе се полага, изјави Јаневска.

Таа повика на свесност кај учениците, родителите и наставниците и да не се дозволи препишување на државната матура, бидејќи се прави штета, а не добро.

– Нашето образование е на ниско ниво, па и со лош квалитет и ние тоа треба да го подобриме. Иднината на Македонија е во умните глави, кои ги има, само треба да ги мотивираме да почнат што е можно повеќе да работат на себе. Затоа што утре нивната иднина зависи од нив самите, вели Јаневска.

Прашана за електронските индекси за студентите, Јаневска со одговор дека штипскиот Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе го има завршено овој процес, на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје одредени Факултети имаат и постапката е во тек, за да се заврши овој процес.

Back to top button
Close