Ангелов: Активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита
Денеска е активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
„Денеска го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита бидејќи превентивно да видиме дали може некоја од државите да ни понуди помош затоа што засега имаме најава и доколку таа е неопходна пред се побарување помош во воздухоплови, бидејќи сили на земја се уште имаме доволно, но и тие се исцрпени бидејќи ова трае секојдневно“, порача Ангелов.
Ангелов истакна дека до 13:30 часот денеска се регистрирани вкупно 16 пожари низ државата – осум се сè уште активни, шест се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати.
Најсериозен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде постои ризик од доближување до населени места