Ангелов го поддржува референдумот: Џафери искористи правни лавиринти за да не го дозволи

За жал, и јас како претседател на партијата Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање, рече Ангелов на Канал 5.

Проблемот со Бугарија е непосакуван проблем од којшто целата држава трпи огромна штета, вели директорот на ЦУК и лидер на Достинство, Стојанче Ангелов. Тој вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

– Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на партијата Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање – рече Ангелов на Канал 5.

Според него, прашањето би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци“.

Back to top button
Close