Ангелов: Пронајдени дрвени палети полиени со бензин, некој намерно се обидува да го реактивира пожарот во Блаце

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово рече дека пожарникарите пронашле палети, кои биле запалени и фрлени во смреки, и дека тоа е доказ дека некој сака да го реактивира пожарот

„Во врска со пожарот покрај патот кој води кон ГП Блаце, пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно полиени со бензин, и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола“, рече Ангелов и апелираше секој кој ќе види невообичаено однесување од други лица, кои носат или во рацете држат палети, веднаш да бидат пријавени на 112.

Тој демантираше дека биле изгорени куќи во Чучер Сандево.

„Не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некои манастири или цркви биле во близина на пожарот, и не е точно дека има изгорени куќи. Не дозволивме да бидат загрозени куќите“, рече Ангелов.

Back to top button
Close