Ангелов: Стојам зад тоа дека се работи за хибриден напад врз Владата!

Во денешната прес – конференција на Владата на Република Македонија, во која говореа потпаролот на Владата Марија Митева, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување и Изет Меџити, министер за Животна средина и просторно планирање известуваа за деталите од вчерашниот пожар во „Ф Групација“ во Трубарево.

Стојанче Ангелов, одговарајќи на новинарско прашање дали се познати причините за пожарот, уште еднаш потврди дека според него, ова е хибриден напад врз Владата.

„Од она што јас го имам како информација од сопственикот за да се запали овој пожар во ваков обем, бара сериозен напор. Самозапалувањто не почнува со толку силен интезитет“ – рече Ангелов

Направи споредба со пожарот во депонијата Дрисла, според неговите информации кои ги добил од очевидци, пожарот многу брзо се проширил, на што тој вели дека тоа е невозможно ако депонијата се самозапалила.

„Од 1991 од кога се запишав на факултет до денес сум дел од Безбедносниот систем на државата, сум работел многу работи и според мојата перцепција, сега стојам зад тоа дека се работи за хибриден напад врз Владата, напад со пожари.“ – изјави Стојанче Ангелов

Додаде дека таму каде што пожарите се самозапалиле, Дирекцијата за спасување го кажала тоа во јавноста, но според него многу од пожарите се заради човечки фактор

Back to top button
Close