Ангелов: Во моментов немаме ниту еден функционален ер-трактор, подготвуваме неколку изненадувања за справување со престојните пожари
„Дозволете барем неколку недели, оваа влада има јасен став и курс дека треба да бидеме подготвени летово. Подготвуваме неколку изненадувања кои ќе ни помогнат полесно да се справиме со престојните пожари“, изјави Ангелов.

Тој рече дека во моментов нема ниту еден функционален ер-трактор, но дека е оптимист дека ќе ги имаат на располагање.
Ангелов додаде дека во владата е формирана група која работи на спојување на ДЗС и на ЦУК.
„Има 19 закони, и е обемна постапка и треба многу време. Мојот фокус е формирање на една институција, која ќе ги обедини функциите на двете ДЗС и ЦУК“, изјави Ангелов






