Ангеловска: Над 187.000 домашни платежни картички се активни, 11 милиони евра досега вбризгани во стопанството преку граѓаните

 Преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив веќе направиле над 660.000 трансакции и потрошиле 10,7 милиони евра за домашни производи и услуги, вели во својата Фејсбук објава министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Заклучно 8 јули имаме 187.768 активни домашни платежни картички. За три недели околу 11 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија, пишува Ангеловска.

Ангеловска посочува дека согласно податоците кои ги добиле од дел од банките, со картичките најмногу се пазари во супермакетите, односно преку 90 отсто од транскациите се таму.

Ангеловска наведува дека во тек е втората фаза на разгледување на приговорите од граѓаните кои не добиле картички, а сметаат дека треба да бидат корисници.

– Дел од граѓаните досега добија одговори, па и картички за уважените приговори, а дел од граѓаните допрва ќе добијат, вели Ангеловска во објавата.

Back to top button
Close