Ангеловска: Промените во имотната состојба се долго пред одлуката за Еуростандард банка

Министерката за финансии Нина Ангеловска реагира дека промените во нејзината имотна состојба немаат врска со процесите што се случуваат во Еуростандард банка.

„Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка“, стои во реакцијата на Ангеловска.

Нејзината реакција следува откако ВМРО-ДПМНЕ праша дали го повлекла штедниот влог од 250.000 евра од Еуростандард банка откако добила информација дека банката ќе оди под стечај?

Back to top button
Close