Ангеловски: Барди се чувствува одлично, со нетрпение го очекуваме негативниот тест

Македонија утре против Словенија ќе го одигра првиот натпревар од двата предвидени контролни, пред настапот на ЕУРО 2020, а за првпат по две година на трибините ќе има и публика.

Еден од најдобрите фудбалери Енис Барди доби позитивен тест на коронавирусот, но селекторот Игор Англеовски вели дека тој се чуствува добро и дека засега е во карантин во еден скопски хотел, но без симптоми.

„Барди се чувствува добро и тоа ме радува. Нема симптоми и со нетрпение го очекуваме негативниот тест. Искрено се надевам дека тоа ќе биде веќе во следните денови и ќе го имаме на располагање за Букурешт“ – истакнува македонскиот селектор Игор Ангеловски.

Back to top button
Close