Ани Ерно добитничка на Нобеловата награда за литература

Французинката Ани Ерно е добитничка на годинашнава Нобелова награда за литература.

Нобеловиот комитет објави дека Ерно (82) ја доби наградата за „храброста и клиничката острина со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“.

Постојаниот секретар на Шведската академија Матс Малм денеска во Стокхолм ја прогласи победничката.

Досега се доделени наградите за медицина, физика и хемија, а Нобеловата награда за мир за 2022 година ќе биде доделена утре, додека добитникот за економија ќе биде објавен на 10 октомври.

Back to top button
Close