Анкета: 75% од Украинците се за прекин на огнот, но со гаранции за безбедност

Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин на огнот, но само со јасни безбедносни гаранции од Европа и САД, покажува анкета на Рејтинг груп“.

Истражувањето, спроведено од 21 до 23 август меѓу 1.600 испитаници, открива дека 75% ја условуваат поддршката со гаранции, а 82% сметаат дека преговорите се реален пат до мир. Од нив, 62% се за посредство на трети држави, а 20% за директни преговори со Москва.

Вкупно 59% се изјасниле за прекин на воените дејства и компромис, додека 20% сакаат продолжување на борбите сè додека Донбас и Крим не се вратат под украинска контрола.

Само 13% сметаат дека прифатливо е враќање на границите од пред 23 февруари 2022 година, што би го исклучило враќањето на Крим и Донбас.

Back to top button
Close