Анкета: Британците масовно сакаат да се намали платата на Борис Џонсон

Повеќето жители на Велика Британија се изјаснија за намалување на платата на премиерот Борис Џонсон, јави БГНЕС, повикувајќи се на „Дејли меил“.

Во едно социолошко истражување, Британците одговараа на прашања дали Џонсон и министрите во земјата треба да ги намалат своите плати за 10 проценти како знак на солидарност со милиони работници погодени од мерките воведени против коронавирусот. На овие прашања 75 проценти од испитаниците одговориле потврдно, 13 отсто сметаат дека не е потребно, а 11 проценти не дале дефинитивен одговор.

Првата фаза на олеснување на карантинот во Велика Британија почна на 13 мај, а втората на 1 јуни. Така, делумно продолжи работата на училиштата, некои продавници и пазари. Според најновите податоци, Велика Британија е на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус – по САД, Бразил, Русија и Индија.

Back to top button
Close