Анкета: Дезинформациите поврзани со коронавирусот и натаму се шират низ САД 

 Дезинформациите поврзани со коронавирусот продолжуваат да бидат ширени и да претставуваат проблем затоа шпо точната информација не стигнува до луѓето, се дознава од анкета на Семејна фондација Кајзер, објави денеска Вашингтон пост. 

Околу 78 отсто од возрасните во САД одговориле дека од осум различни лажни изјави за коронавирусот што тие ги чуле од некого, мислат дека најмалку една е вистинита или дека се несигурни дека е вистинита, се дознава од анкетата. 

Третина од возрасните веруваат дека се несигурни за најмалку четири лажни изјави како на пример преувеличени бројки за коронавирусот дадени од официјални лица од здравството, или тоа дека со вакцините биле ставани и микрочипови. 

Се дознава дека убеденоста во дезинформациите се поврзани со тоа дали лицата се вакцинирани и каква е нивната политичка наклонетост. Невакцинираните возрасни и републиканците се повеќе наклонети да веруваат во или да бидат несигурни во лажните информации, споредено со испитаниците кои се вакцинираните и демократи. 

Анкетата исто така укажува дека довербата во изворите на информации е повразна со убеденоста во дезинформациите. 

Бројот на возрасни кои се држеле за четири погрешни убедувања се покажа мал, меѓу 11 и 16 отсто – ако тие имале доверба за и примале новосто за коронавирусот од такви медиуми како Си-Ен-Ен, Ен-Пи-Ар или Ем-Ес-Ен-Би-Си, велат подготвувачите на анкетата. 

Меѓутоа, уделот на возрасни кои верувале во најмалку четири погрешни убедувања за коронавируст е поголем ако тие добивале информации од Уан Америка Њуз, Фокс Њуз оили Њусмакс. 

Подготвувачите на анкетата истакнуваат дека нивните наоди не можат да детерминираат дали возрасните се изложени на дезинформација од тие медиуми, или типот на луѓе кои избираат да им веруваат на тие медиуми се истите оние кои лесно се подаваат на неточна информација од други причини. 

Back to top button
Close