Анкета: Две третини од Германците сакаат да се вакцинираат против Ковид-19
Две третини од германската популација сака да се вакцинира против Ковид-19, покажа анкетата на YouGov, нарачана од ДПА.
Околу 32 проценти од анкетираните рекле дека сакаат да бидат вакцинирани што е можно побрзо, а други 33 проценти изјавиле дека сакаат да се вакцинираат, но сакаат да почекаат да видат како функционираат вакцините
Околу 19 проценти од испитаниците не сакаат да се вакцинираат, а 16 проценти сè уште немаат решено дали да го сторат тоа.
Повеќе од половина од испитаниците (57 проценти) изразија загриженост од можни несакани ефекти од вакцините, а само третина изјавија дека немаат такви грижи.
Германија планира да започне со вакцинирање на 27 декември, приоритет се луѓето од 80 години и повеќе и оние кои живеат или работат во домови за стари лица.
Предност ќе имаат и медицинските лица во одделите за итни случаи и интензивна нега на болниците.
Според истражувањето, постарите луѓе повеќе сакаат да се вакцинираат – 71 процент од Германците постари од 55 години сакаат да го сторат тоа, додека оние на возраст од 18 до 24 години се 54 проценти.
Меѓу приврзаниците на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, 51 процент сакаат да се вакцинираат – многу помалку од просекот. Меѓу приврзаниците на Партијата на зелените, тие се 82 проценти. Анкетата беше спроведена од 21 до 23 декември и учествуваа 2.035 лица