Анкета: ГЕРБ на Борисов прва – „ВМРО“ на Каракачанов последна

ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов е прва според довербата кај граѓаните со 23,8 отсто, покажува најновата анкета на Сова Харис спроведена кон крајотна октомври и почетокот на ноември, на барање на Дир.бг.

Втора на листата е БСП со 16,7 проценти.

Алијансата на Кирил Петков и Асен Василев останува трета со 15,6%, а по неа е ИТН со 13,4%. МРФ е на петтото место според истражувањето со 9,7%. Исклучителен пад бележи коалицијата на Христо Иванов и ДБ и остана шеста со 9,1%. Маја Манолова и ИБГНИ остануваат на прагот за влез во Народното собрание со 4,1%, објави агенцијата „Сова Харис“, пренесува бугарски Трибуне.
Интересно е тоа што лидерот на таканаречената партија ВМРО предводена од нивниот симпатичен лидер, Каракачанов , е последна партија на оваа анкета со само 2,1% од довербата на Бугарските граѓани.

Парламентарните избори во Бугарија се закажани за 14 ноември.

 

Back to top button
Close