Анкета: Германците незадоволни од владата, а канцеларот Мерц има поддршка само од 21 отсто

Рејтингот на германскиот канцелар Фридрих Мерц е на историски минимум, дури 84 проценти од Германците се назадоволни од владејачката коалиција ЦДУ/ЦСУ и СПД, покажуваат резултатите од најновата анкета.
Политиката на Мерц е поддржана само од 21 отсто, додека поддршката за вицеканцеларот Ларс Кингбајл – 18 проценти. Падот на доверба се одразува и на рејтингот на партиите, владејачката коалиција повеќе нема сигурно мнозинство, а десничарската АфД бележи раст.
Економската ситуација дополнително го влошува расположението на гласачите. По повеќегодишна рецесија и стагнација, германската економија се соочува со нов удар поради војната во Иран и растот на цените на енергенсите. Дури 70 проценти од граѓаните не веруваат дека владата може да ја подобри економијата.
Анкетата покажува у дека 76 проценти од испитаниците поддржуваат поголемо оданочување на богатите и бенефиции за средната и пониската класа.






