Анкета на ИПСОС за ВМРО-ДПМНЕ: За опозициската партија би гласале 18,2%, за СДСМ 9,5%

Доколку утре граѓаните би требало да гласаат на предвремени парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би се одлучиле 18,2 отсто, а за СДСМ гласот би го дале 9,5 отсто.

Ваков резултат покажува анкета на ИПСОС направена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од опозициската партијата. Анкетата била спроведена теренски на примерок од 1 007 испитаници во периодот од 2 до 16 март 2022 г.

 

Во однос на другите партии, според резултати за кои брифираат од партијата, следни две партии се ДУИ и Левица со речиси ист рејтинг, а зад нив е Алијанса за Албанците со само 0,5 отсто помалку.

 

Целосните одговори на прашањето „Доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори, за кој би гласале?“, се:

 

ВМРО-ДПМНЕ 18.2%СДСМ 9.5%ДУИ 4.1%ЛЕВИЦА 4.0%АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.5%БЕСА 1.2%АЛТЕРНАТИВА 0.7%ДПА 0.4%ЛДП 0.2%Други 1.2%Неодлучни 16.5%Одбивам да одговорам 15.9%Нема да гласам 24.6%

 

Во однос прашањето на кого од политичарите најмногу му веруваат граѓаните, како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ, најголема доверба од девет отсто има Христијан Мицкоски.

 

Втор е претседателот Стево Пендаровски со 6 отсто, потоа премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски со 4 отсто.

 

Следен, според анкетата на ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, е претседателот на Левица, Димитар Апасиев, со 3 отсто доверба, исто колку што има и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

 

Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев, според оваа анкета се последни со 2 отсто доверба.

Дел од испитувањето на јавното мислење кое го нарачале од ВМРО-ДПМНЕ биле и прашања во врска со бугарското вето и барањето Бугарите да се вклучат во Уставот. Така, на прашањето „со која од следниве изјави најмногу се согласувате“, биле добиени следните одговори:

Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија – 39 отстоМакедонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ – 20 отстоМакедонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ – 10 отстоНе знам – 31 отсто

 

Back to top button
Close