Анкета на СТРАТУМ: Од граѓаните кои ќе гласаат 26.1% се определиле за СДСМ, 23.8% за ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври го спроведе кварталното истражување омнибус во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

 

 

Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаницата односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.

Резултатите укажуваат на благ оптимизам споредено со периодот од Јули 2020 те првиот бран од пандемијата каде оптимизмот беше на најниско ниво.

Така на прашањето Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се подобрила, влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?

Последните два квартали ситуацијата е подобра, откако во март годинава во време на вториот бран од пандемијата кај населението најсилно се почувствувале финансиските негативни последици од кризата.

Дали финансиската состојба во Вашето домаќинство се подобрила, влошила или пак останала иста во изминативе 12 месеци?/Анкета на СТРАТУМ;
Какви се финансиските очекувања во Вашето домаќинство во следните 12 месеци?

Што се однесува до чекувањата во однос на финансиската сосотојба во домаќинството скоро кај една четвртина од населението дури и подобрена, додека кај половината останала иста. Една шестина од населението се чувствува финансиски послабо од претходно но, овој процент 18 месеци по првиот бран од пандемијата се чувствува помалку несигурно односно со статистички значајна арзлика од над 5%.

Какви се финансиските очекувања во Вашето домаќинство во следните 12 месеци?/Анкета на СТРАТУМ
Какви се Вашите очекувања во однос на цените во следните 12 месеци?

Во овој квартал има раст на процентот на граѓани кои сметаат дека цените ќе растат (и во категоријата дека ќе арстат со брзо темпо и во категоријата дека ќе растат со споро темпо) како и пад на граѓаните кои од Јули 2020 до сега сметале дека цените ќе останат барем исти или ќе се намалат.

Какви се Вашите очекувања во однос на цените во следните 12 месеци?/Анкета на СТРАТУМ
Дали имате намера да купите повеќе, исто или помалку трајни добра (бела техника, мебел, автомобил) во следните 12 месеци (споредено со лани)?

Македонските граѓани споредено од квартал во квартал се изјаснуваат дека имаат намера да купат
повеќе трајни добра отколку во претходните квартали.

Дали имате намера да купите повеќе, исто или помалку трајни добра (бела техника, мебел, автомобил) во следните 12 месеци (споредено со лани)?/Анкета на СТРАТУМ
Каква е моменталната финансиска состојба на Вашето домаќинство?

Најголемиот дел од граѓаните во последните 6 месеци ја оценуваат финансиската ситуација во
домаќинството значајно подобра од претходните квартали односно се враќаат на ситуација како во
јули 2020 кога се уште не беа почуствувани најсилно негативните последици веднаш по првиот
бран на пандемијата.

Каква е моменталната финансиска состојба на Вашето домаќинство?/Анкета на СТРАТУМ
На прашањата поврзани со рејтинг на политичките партии се потврдуваат податоците од телефонската анкета спроведена на крајот на септември со мали статистички нејзначајни разлики кај сите политички субјекти освен пораст во категоријата дека не знаат за кого ќе гласаат како и во оние кои нема да излезат на избори.

На прашањето Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?

за која советничка листа би гласле на локалните избори?/Анкета на СТРАТУМ
Од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат рејтингот на политичките партии е прикажан
на графикот

Рејтинг на политичките партии/Анкета на СТРАТУМ
Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо -економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни.

Back to top button
Close