Анкета: Околу 25 проценти од Италијанците веруваат во теории на заговор за Ковид-19

Една четвртина од Италијанците веруваат во теории на заговор за епидемијата со Ковид-19, особено дека вирусот е создаден во лабораторија за да влијае на рамнотежата на силите во меѓународните односи или дека тој воопшто не постои и се користи како изговор за контрола на врз луѓето.

Според резултатите од најновата анкета, секој петти Италијанец или 20 проценти сметаат дека вирусот потекнува од лабораторија и бил намерно проширен за да влијае на рамнотежата на силите во светот, а пет отсто од испитаниците изјавиле дека новиот коронавирус воопшто не постои, но се користи како изговор за контрола на луѓето и економија.

Меѓу теоретичарите на заговор, 33 проценти сметаат дека вирусот е произведен од Кинезите за да ослабнат други земји, 21 отсто истакнале дека тоа го направиле големи интернет компании за да се збогатат, 20 проценти дека е создадено од светски елити за да наметнат здравствена диктатура и 16 отсто дека е создаден од мафијата за да се збогати и да ја зајакне својата моќ.

Што се однесува до вакцината, 44 проценти од испитаниците изјавиле дека сигурно ќе севакцинираат, а 26 отсто само доколку вакцината е задолжителна. Додека 11 проценти одговориле оти нема да го сторат тоа дури и ако треба, а 19 проценти се уште не знаат што ќе одлучат.

Испитаниците се многу критични кон младите, за кои велат дека се главните преносители на новиот коронавирус

Така, 71 процент од нив изјавиле дека воглавно или целосно се согласуваат со проценката: „Денешната младина порасна во благосостојба, па дури и во време на Ковид-19 не се подготвени да направат никаква жртва за општо добро“.

Анкетата е изработена од СВГ (SWG) на примерок од 800 испитаници за телевизиската мрежа Ла7, со маргина на грешка од 3,4 проценти.

Back to top button
Close