Анкета: Повеќето Палестинци сметаат дека нападот на Хамас на 7 октомври бил грешка

Мнозинството жители на Појасот Газа сметаат дека одлуката на Хамас да го нападне Израел на 7 октомври минатата година е погрешна, покажува новото истражување на јавното мислење, чии резултати беа објавени денеска.

Истражувањето покажа голем пад на поддршката за тој напад, по што следеше израелската офанзива на Појасот Газа.

Анкетата, спроведена на почетокот на септември од страна на Палестинскиот центар за политика и истражување (ПСР), покажа дека 57 отсто од испитаниците во Појасот Газа сметаат дека одлуката за напад на Израел на 7 октомври е погрешна, додека 39 отсто сметаат дека е исправна.

Паднала и поддршката за тој напад на Западниот Брег, иако мнозинството од испитаниците, 64 отсто од нив, сепак, сметаат дека тоа е правилна одлука, се вели во истражувањето.

ПСР објави дека нивното ново истражување за првпат покажало дека поддршката за нападот на Хамас врз Израел и на Западниот Брег и на Појасот Газа значително опаднала, како и очекувањата дека Хамас ќе победи во војната.

Истражувањето покажа дека бројот на испитаници во Појасот Газа кои го поддржуваат Хамас паднал од 38 на 35 отсто. Но, Хамас останува попопуларен од Фатах, предводен од претседателот Махмуд Абас, и во Појасот Газа и на Западниот Брег.

Back to top button
Close