Анкета Телма/ МЦМС: За 100 дена, Владата од граѓаните добила оценка 2,46
На скалата од 1 до 5, најмногу, 35,3 отсто и дале единица, а најмалку ја оцениле со петка, 11 отсто.
Граѓаните сметаат дека Владата за првите 100 дена работа заслужува оценка 2,46 на скалата о 1 до 5, покажува анкета што ја објави телма заедно со МЦМС а ја спроведе агенцијата „М проспект“.
Најмалку од граѓаните, 11 отсто, и дале највисока оценка 5, потоа 14,2 отсто ја оцениле со 4, 20,1 отсто и дале тројка, 19,4 отсот двојка, а најмногу 35,3 осто – единица.
Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 24 декември, телефонски, на примерок од 1 000 испитаници, според пол, возраст, етнилка припадност и место на живеење.
Маргината на грешна е +-3 отсто и ниво на доверба од 95 проценти.