Јанкоски: Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите за Василица
Почитувани,
За да нема шпекулации дали оваа година Свети Василија некој ја “откажал” или не, Ви го соопштуваме следното:
Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија.
Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право но обврска. Го повторувам она што го кажав и за медиумите:
Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови.
Со почит,
Грдоначалник на Општина Вевчани
Сашо Јанкоски