Јанкулоска за „Идризово“: Ни јас ни Катица нe сме избрале да сме таму, условите се под секое ниво
Гордана Јанкулоска – поранешна министерка за внатрешни работа, осудена во предметот „Тенк“
По три години поминати во затворот „Идризово“ од вкупно четири досудени во предметот„Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, меѓу другото, одговараше на прашања и за времето поминато во затвор и за тамошните услови.
„Настојувам да го зачувам и физичкото и психичкото здравје. Се занимавам со одредени фитнес вежби и се друго што е потребно во такви супстандардни услови да се остане во колку-толку добра кондиција, во физичка смисла на зборот, меѓутоа, со оглед на тоа што таквата изолација значи целосна отсеченост од надворешниот свет, во овие години прочитав многу книги што никогаш претходно не наоѓав време да ги прочитам. Настојувам да читам стручна литература за да не ја изгубам интелектуалната кондиција. Колку што ми дозволуваат можностите, преку телевизијата, настојувам да ги следам и настаните во Македонија“,
вели Јанкулоска.
Таа вели дека условите во затворот се лоши.
„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите. Јас ќе ви кажам дека дел од тие слики беа направени точно во крилото каде што сум јас сместена. Влагата на ѕидовите, условите се подеднакво лоши за сите, иако можеби во одредени делови на затворот е малку попристојно“,вели поранешната министерка
360 степени
МАКЕДОНИЈА
СТОРИЈА
ДЕБАТА
САБОТАЖА
ЗА НАС
Барај
ПРИЈАВИ СЛУЧАЈ
МАКЕДОНИЈА
Јанкулоска за „Идризово“: Ни јас ни Катица нe сме избрале да сме таму, условите се под секое ниво
360степени | 2 октомври, 2023 20:24
На прашањето колку во затворот се остварува ресоцијализаторската улога, поранешната министерка за внатрешни работи вели дека тоа е сегмент на кој треба многу да се работи. Сепак, односот на вработените и затворската управа кон неа го оценува како коректен и професионален
Во затворот, вели таа, најмногу ѝ недостига семејството, а најтешко ѝ паѓа што е физички одделена од синот
Гордана Јанкулоска – поранешна министерка за внатрешни работа, осудена во предметот „Тенк“
По три години поминати во затворот „Идризово“ од вкупно четири досудени во предметот„Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, меѓу другото, одговараше на прашања и за времето поминато во затвор и за тамошните услови.
„Настојувам да го зачувам и физичкото и психичкото здравје. Се занимавам со одредени фитнес вежби и се друго што е потребно во такви супстандардни услови да се остане во колку-толку добра кондиција, во физичка смисла на зборот, меѓутоа, со оглед на тоа што таквата изолација значи целосна отсеченост од надворешниот свет, во овие години прочитав многу книги што никогаш претходно не наоѓав време да ги прочитам. Настојувам да читам стручна литература за да не ја изгубам интелектуалната кондиција. Колку што ми дозволуваат можностите, преку телевизијата, настојувам да ги следам и настаните во Македонија“,
вели Јанкулоска.
Таа вели дека условите во затворот се лоши.
„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите. Јас ќе ви кажам дека дел од тие слики беа направени точно во крилото каде што сум јас сместена. Влагата на ѕидовите, условите се подеднакво лоши за сите, иако можеби во одредени делови на затворот е малку попристојно“,
вели поранешната министерка.
Јанкулоска од пред неколку месеци доби можност за користење викенди и други законски одобрени отсуства. Во такви услови е снимено и интервјуто за „360 степени“ пред неколку дена
Таа сподели дека е сместена во релативно мал простор и дека има пристојна комуникација со сите затворенички со кои разговара главно за затворскиот живот. Јанкулоска потврди дека непосредна сосетка ѝ е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која, пак, е осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Рекет“.
„Видете, ни јас ни таа не сме одбрале каде ќе не сместат, не сместиле таму каде што проценила Управата дека е соодветно за издржување на казната. Имаме пристојна комуникација како и со сите други, на теми и прашања поврзани со нашето секојдневие“,
додава таа.
Во затворот се забранети мобилните телефони и интернетот, вели Јанкулоска. Со семејството комуницира преку телефонска говорница за која што вели дека е „заборавен метод во надворешниот свет“. Но, тоа за неа е и единствена можност да се слушне со семејството во текот на денот, а еднаш дневно и домашните имаат право накратко да ја побараат на телефон обезбеден од затворската управа.
Таму најмногу ѝ недостига семејството, а најтешко ѝ паѓа што е физички одделена од синот.
„Во целава оваа ситуација, тоа е најтешкиот дел и тоа не само за мене, затоа што нели, како возрасен човек секогаш се трудите да ја разберете ситуацијата и да најдете некое образложение дури и кога такво не постои. Тој неодамна наполни пет години и целава ситуација е тешко да му се објасни. Практично, тој остана сам – без мајка, само со татко, на две години и три месеци. Јас неодамна првпат имав можност да излезам и тоа е навистина тешко“,вели Јанкулоска и посочува дека сопругот редовно го носел синот на посета, што значи средби трипати месечно од по еден час.
На прашањето колку во затворот се остварува ресоцијализаторската улога, Јанкулоска вели дека тоа е сегмент на кој треба многу да се работи. Сепак, односот на вработените и затворската управа кон неа го оценува како коректен.
„Корупцијата ја има секаде, меѓутоа јас лично не сум била сведок на ситуација каде што од мене се барало или се нудело да се пристапи кон некое коруптивно однесување. Напротив, моето искуство во вработените, со затворската управа е позитивно, во смисла на тоа дека тоа се луѓе што навистина работат во тешки услови, какви што се лоши и недостоинствени за осудените лица, се работна атмосфера и за вработените. Сепак, најголемиот дел од нив се професионалци кои живеат од таа работа“,кажа таа.