Антиќ: Ќе дадеме сѐ од себе, да оствариме што е можно повеќе победи

Селекторот на женската македонска кошаркарска репрезентација до 18 години, Јелена Антиќ, најави максимална борбеност на нејзините избранички на претстониот ФИБА „Челенџ“ турнир во Софија, Бугарија.

– Целиот стручен штаб е задоволен од односот на девојките во изминатиот период. Достигнавме една одредена форма и се надевам дека ќе успееме да ја одржиме. Одигравме неколку контролни натпревари во периодот на подготовките, и сметам дека сме спремни да покажеме добри игри во Бугарија. Уште на првиот натпревар во Софија, имаме доста силен противник. Играме со селекцијата на Украина, за кои сеуште не знаеме ништо. Но од минатото знаеме дека Украина е земја со големи таленти и високи играчи. Како и да е, најважно е да се фокусираме на нашата игра, и играчите да го испочитуваат тоа што го бараме од нив. Ние ќе дадеме се од себе да оствариме што е можно повеќе победи, и да прикажеме една друга страна и карактер на оваа генерација“- вели селекторот пред почетокот на турнирот во главниот град на Бугарија, истакна Антиќ.

Македонските кошаркарки ќе бидат дел од Д-групата заедно со репрезентациите на Бугарија, Албанија, Словенија, Швајцарија и Украина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close