Антикорупционерката Цвета Ристовска на Универзитетот Скопје била гостин предавач за безпари тврди ДКСК. Ја проверувала ли дипломата на Христовски инспекторка советничка на ВМРО ДПМНЕ од Гази Баба

Членот на ДКСК Цвета Ристовска, сакаме да укажеме дека нејзината соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје била на ниво на гостин предавач и никогаш за финансиски надомест или друг тип договорна соработка. Оттаму, сметаме дека не постои никаков судир на интерес бидејќи нема никаква поврзност со наведниот универзитет“, се вели во денешното соопштението на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ Бојан Христовски кој повеке од 2 месеца ја бранува јавноста .

Во јавноста излегоа документи  дека дипломата за завшен факултет на приватниот Универзитет Скопје ја добил за 11 месеци од денот кога се запишал на овие студии и дека и Тојфел сертификатот за познавање на Англиски јазик издадена наводно во овластена школа во Пловдив- Бугарија е фалсификат и дека во Пловдив нема таква школа.

Анонимки за фалсификувани дипломи од директорот на АНБ добиле како што соопштија ДКСК и ОЈО . Обвинителството уште истражува а на ДКСК и требаа повеке од 2 месеца да провери и да ја извести јавноста. Тоа го сторија дури пред 2 денови а известител беше антикорупционерката Цвета Ристовска која соопшти дека факултетската диплома била во ред односно валидна а за валидноста на Тојфел дипломата не се надлежни да потврдат или отфрлат дека е фалсификат.

Во целата неколкумесечна рашомонијада со дипломите на Христовски со кои беше назначен од премиерот Мицковски на високата функција директор на АНБ медиумите постојано вадеа нови моменти околу контроверзните дипломи. ТВ Телма по одлуката на ДКСК во корист на директорот Христовски дека е „чист“ објави дека антикорупционерката Цвета Ристовска која добила задача за исправноста на дипломите е во исто време и предавач на Универзитетот Скопје од каде е издадена факултетската диплома на Христовски и дека има конфликт на интереси. ДКСК се обиде со соопштение да отфрли можност за конфликт на интереси а од веб страната на Универзитетот веднаш ја избришаа фотографијата и името на мр Цвета Ристовска.

Последно од ДКСК е денешниот демант дека немало можност за конфликт на интереси кај анткорупцонерката Цвета оти според нив таа на Универзитетот предавала како гостинка без никаков материјален надомест.

Ристовска го потврдила истиот демант и за слободен печат а весникот објавува повикувајки се на свои извори  дека инспекторката од Просветниот инспекторат што го извршила надзорот за дипломите на Бојан Христовски и констатирала дека нема неправилности за образованието, е инспекторката Соња Зашовска, која на страницата на Општина Гази Баба фигурира како советничка во општината од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од Слободен печат се обиделе да исконтактираат со Зашовска но таа не одговорила на телефонските повици.

Денеска и Универзитетот Скопје се предомисли и ја врати Цвета Ристовска на нивната страница која според ДКСК и антикорупционерката Ристовска одржувала предавања .но само како гостинка за без пари.

СДСМ денеска на прес-конференција побара Антикорупциска пак да одлучува за предметот на Бојан Христовски.

Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост. Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани. СДСМ бара итно повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ и расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК. Бараме преиспитување на анализата направена од просветниот инспекторат, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. 

Од Обвинителството велат дека тие работат на анонимната пријава за Тојфелот на директорот на АНБ и дека чекаат официјално известување од Бугарските служби дали постои школото Јулија во Пловдив и изава ли сертификати за познавање на англиски јазик.

Back to top button
Close