Антикорупциска отворила предмет за унапредување на блиско лице на премиерот

Антикорупциската комисија по сопствена иницијатива отворила предмет за унапредување на блиско лице на премиерот во раководител на сектор во Министерство, но утврди дека бил законски унапреден,пишува Слободен печат.

Предметот бил оформен во мај годинава, но постапката била запрена затоа што е констатирано дека постапката на унапредување на лицето е направена согласно закон, додека сомнежите за неговата сопруга не се потврдени односно добиена е информација од Министерството дека кај нив не е вработено такво лице.

На седницата не се кажа ниту каква е поврзаноста на лицето со премиерот Христијан Мицкоски, ниту пак во кое Министерство е вработено.

Како што појасни членот на ДКСК Зоран Богоевски, од прибавената документација констатирано е дека лицето било вработено во Министерството од 2004 година, а од 2010 година е на работно место раководител на одделение. Согласно годишниот план за вработување од 2025 година за кое е добиена согласност од Министерството за јавна администрација предвидено е работно место државен советник за координација на подрачните единици и ова работно место било предвидено и согласно Правилникот за што е добиена согласност во 2015 година. Добиена била и согласност од Министерството за финансии, пишува Слободен печат

Back to top button
Close