Антикорупциска со иницијатива за кривичен прогон на градоначалникот на Студеничани и на ексградоначалникот на Гази Баба

Антикорупциска со иницијатива за кривичен прогон на градоначалникот на Студеничани и на ексградоначалникот на Гази Баба.

За ексградоначалникот Борче Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата новиот салон за автомобили на „Волво“ во Маџари, додека градоначалникот Азем Садики се соочува со можна кривична одговорност по ревизорскиот извештај кој укажува на недомаќинско работење и трошење средства од буџетот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани Азем Садики,.

Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за ексградоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“. За градоначалникот на Студеничани, пак , постојат основи за сомневање врз основа на ревизорски извештај, за недомаќинско работење и трошење на средства од буџетот, како и јавни набавки во општината.

Back to top button
Close