Антитерористичкото обвинителство побара судење на девет лица за атентатот во Ница

 Француското Национално обвинителство за борба против тероризмот  побара да им се суди на девет лица пред кривичен суд,  во рамките на судската истрага отворена по терористичкиот напад во Ница во 2016 година, јави дописникот на МИА.

Четворица од нив се обвинети за злосторничко терористичко здружување (Мохамед Г., Чокри В., Хамди З. и Рамзи А.).

На 14 јули 2016 година во Ница 31-годишен Тунижанец, Мохамед Лахуеј-Бухел со камион влета во насобраниот народ, при што уби 86 лица, меѓу кои  деца, цели семејства и странски туристи, пред да биде застрелан од полицијата. Судењето ќе се фокусира дали роднините знаеле за неговиот терористички план и дали му помогнале во неговото извршување.

Back to top button
Close