Антиваксер ги уби своите брат и снаа во САД: Ги труеше луѓето со вакцина против Ковид

Американец обвинет за убиство на три лица, вклучувајќи го и неговиот брат, кој бил фармацевт, изјавил дека според него неговиот брат, со тоа што се вакцинирал им наштетувал на другите луѓе, се вели во судските документи.

Џефри Барнам (46) бил уапсен во петокот за убиство на неговиот брат, сопругата на неговиот брат и уште една жена, пишува Ен-Би-Си.

Телата на Брајан Робинет (58) и Кели Сју Робинет (57) биле пронајдени синоќа во нивниот дом во близина на Балтимор. Ребека Рејнолдс (83) била пронајдена мртва претходната ноќ во Камберленд, а нејзиниот автомобил бил украден, соопшти полицијата. Рејнолдс порано одела на училиште со мајката на Барнам.

Барнам, кој живее во Камберленд, бил уапсен минатиот петок во Западна Вирџинија. Тој е обвинет за повеќекратно убиство, а моментално е во притвор.

Судските документи не го кажуваат мотивот за убиствата, но мајката на Барнам и кажала на полицијата дека тој имал намера да се судри со својот брат бидејќи верува дека ги труел луѓето со вакцината против коронавирусот и дека неодамна рекол „Брајан знае нешто“.

Неговата мајка ја контактирала полицијата бидејќи Барнам исто така сметал дека го гони ФБИ.

По убиствата, Барнам наводно го зел автомобилот на неговиот брат и застанал кај нечија куќа барајќи бензин. Додека бил таму, тој му рекол на лицето што му ја отворил вратата дека ќе го види на телевизија и дека неговиот брат „убива луѓе со вакцината против ковид“. После тоа, човекот повикал полиција.

Back to top button
Close