Антивладин протест во Тунис

Стотици илјади Тунижани вчера протестираа во главниот град изразувајќи го незадоволството од претседателот Каис Сајед, кого го обвинуваат за ограничување на слободите и лошо владеење, што довело до економска и социјална криза.
Протестот се одржа под мотото „Луѓето се гладни, затворите се полни“.
Демонстрантите тврдат дека Сајед не успева да се справи со економската криза и ги користи судството и полицијата за да ги замолчи своите критичари. Тие го осудија и апсењата на политичари, новинари и истакнати личности од граѓанското општество.
Сајед, кој е на власт од 2021 година, го распушти парламентот во 2022 година и оттогаш владее со декрет. Групите за човекови права го обвинуваат за поткопување на демократскиот систем на земјата. Тој ги отфрла овие обвинувања, тврдејќи оти презел мерки за Тунис да се спаси од хаос и корупција.
Тунис се соочува со сериозна економска криза, бавен раст, зголемување на цените, недостиг на храна и лекови, финансиски притисоци и пад на квалитетот на јавните услуги.
Адвокатската комора на Тунис повика на штрајкови во наредните денови против поткопувањето на независноста на судството. Синдикатот на новинари, исто така, планира протести против притворањето на претставници на медиумите и ограничувањата на слободата на печатот.






