Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
– Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го покажа најдобриот резултат синоќа во спринтерските квалификации на Големата награда на Мајами.
Осумнаесетгодишниот Италијанец со време од 1:26.482 минута ја освои пол-позицијата.
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е на второто место (+0,045), а неговиот соиграч Ландо Норис е на третото место (+0,100).
Главната трка во Мајами ќе се одржи утревечер со почеток во 22 часот.