Антонио Кошта: Властите во Македонија знаат што треба да направат
Во изјавата по самитот ЕУ-Западан Балкан претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта се осврна на пет земји од регионот, без Србија, која го бојкотираше состанокот.

За Македонија Кошта рече:
„Во однос на Северна Македонија, ги поздравуваме чекорите за зајакнување на регионалната поврзаност. И се надеваме на вистински напредок во 2026 година. Нивните власти знаат што треба да направат“.
За другите земји тој рече вака:
„Патот на Црна Гора кон ЕУ очигледно се забрза. Само оваа недела, пет поглавја за пристапување беа успешно затворени;
Албанија успеа да ги отвори сите преговарачки групи за многу кратко време, последните дури во ноември. Следната година ќе биде нивниот момент на вистината за забрзување на реформите;
…






