Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба, пренесе а1он.

Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник.

Тогашното раководство на Министерството за правда експресно го прифатила ваквото барање и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата ја стави во мирување.

На овогодишните парламентарни избори тој повторно е избран за пратеник, со што стариот мандат за народен избраник му истече, а верификуван му е нов.

Донесеното решение за мирување на нотарската функција во 2016-тата на пратеникот е донесено врз основ на мандатот пратеник кои сега е истечен, односно почна нов, а ова е една од причините зошто од правда го разрешија од нотарската функција. Милошоски не поднел повторно ново барање на ставање во мирување на нотарската служба.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close