Антонио Милошоски осуден за клевета кон судијата Драги Билески изречена на Телма ТВ

Апелациониот суд во Скопје пресуди дека пратеникот Антонио Милошоски е одговорен за сторена клевета кон кичевскиот судија Драги Билески, сега покоен, за изјава дадена на Топ Тела на Телма телевиззија во 2017 година, каде што тврди дека судијата Билески бил соработник на УДБА.

„Се утврдува граѓанска одговорност за сторена навреда сторена кон судијата Драги Билески од страна на Антонио Милошоски, изречена на емисијата Топ Тема на ТВ Телма, на 7.3.2017 година, „Вие сакате од тој судија и УДБАШ да направите жртва“- рекол Милошоски, констатира Апелациониот суд во пресудата.

Претходно, Основниот суд го одбил барањето, но Апелација ја преиначила пресудата и пресудила мериторно.

Тужителот, судијата Билески починал, па поради тоа не е досудена штета, бидејќи надоместокот за клевета и навреда е лично право, но треба да плати 74.000 денари судски трошоци.

Против Милошоски, во тек е и кривична постапка за случајот „Моќник“ во коа му се суди на екс претседтелот нна лустрациската комисија, Томе Аџиев од Битола, кој по нарачка на Антонио Милошоски спровел незаконска лустрација врз судијата Драги Билески, што беше констатирано од ЕСЧП во Стразбур, а македонскиоот суд дополнително ја поништи лустрацијата.

Во оваа постапка, според новиот закон за Јавно обвинителство, судот ги отфрли бомбите како докази, а во тек е сослушување на сведоци.

Извор: Сведок

Back to top button
Close