Антонио Тајани за Слободен печат: Секоја земја е одговорна за своите реформи, а не за оние на соседните земји
Европскиот пат се базира на заслуги. Го поддржуваме влезот на сите земји од Западен Балкан, во согласност со препораките на Европската комисија, која постојано го следи напредокот на реформите во секоја земја, а со тоа и усогласувањето со законодавството на ЕУ.
Истовремено, секоја земја е одговорна за своите реформи, а не за оние на соседните земји, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани во интервју за „Слободен печат“ пред денешната посета на Македонија.
(…)
Пред два месеца изјавивте дека Западен Балкан треба да се приклучи на ЕУ пред Украина и тоа пред 2030 година, ама тоа изгледа малку веројатно. Како да се „ослободи“ Македонија од блокадите од Бугарија? Поддржувате ли репреговарање на Преговарачката рамка, како што бара нашата Влада?
– Ова не е невозможен датум. Земјите од Западен Балкан имаат капацитет да го комплетираат овој пат, кој останува базиран на заслуги, до 2030 година. Ова е значителен напор, кој не треба да се потценува, и сите ние мора да докажеме дека сме на висината на задачата: ако сите го направиме својот дел, 2030 година е цел на наш дофат. Што се однесува до Италија, ние остануваме посветени да бидеме покрај Република Северна Македонија: ние ќе продолжиме да обезбедуваме помош и на политичко и на техничко ниво на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Можно ли е раздвојување на Македонија и Албанија на европскиот пат и кој е вашиот став за тоа?
– Европскиот пат се базира на заслуги. Го поддржуваме влезот на сите земји од Западен Балкан, во согласност со препораките на Европската комисија, која постојано го следи напредокот на реформите во секоја земја, а со тоа и усогласувањето со законодавството на ЕУ. Истовремено, секоја земја е одговорна за своите реформи, а не за оние на соседните земји. Следното ажурирање ќе ни биде доставено од страна на Комисијата на есен и ќе ни овозможи да разбереме како најдобро да ѝ помогнеме на Република Северна Македонија да продолжи напред брзо и без понатамошно одложување кон пристапувањето.
…