Јанушев: Обновата ќе донесе 80 милиони евра за нови водоводни мрежи и 640 милиони евра за субвенции за земјоделците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на Изборна единица 3 Игор Јанушев денеска преку видео обраќање упати порака до граѓаните дека потребно е на 15 јули да се обединат и да ја донесат Обновата на Македонија.

– Затоа обединети и сплотени на 15 јули ќе ја донесеме Обновата на Македонија со над 1000 проекти, повеќе за секој еден од нас, повеќе за Македонија, рече Јанушев.

Јанушев вети инфраструктурни проекти, покачување на платите, отворање нови работни места, покачување на пензиите на пензионерите, намалување на данокот на осум проценти, но и враќање на достоинството, подвлече, и конечно вреднување на маката и трудот на земјоделците.

– Земјоделците ќе бидат приоритет за владата на ВМРО-ДПМНЕ. До сега видовме многу разочарани и понижени земјоделци, нивната мака и труд беа погазувани од актуелната власт на СДСМ. Затоа ние се обврзуваме на многу проекти за подобар животен стандард на земјоделците, но и на сите граѓани. Во делот на земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите за земјоделците на 640 милиони евра во четиригодишниот мандат или тоа се 160 милиони евра годишно, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на Изборна единица 3 Игор Јанушев.

Младиот земјоделец, потенцира тој, е иднината на македонското земјоделство, затоа ќе обезбедиме советување за младите и регистрирани земјоделци за користење на средствата од ИПАРД програмата.

– Сите оние кои ќе ја завршат обуката успешно ќе можат да користат бесплатни совети од лиценцирани земјоделски советници. Дополнително младите земјоделци ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка до 20.000 евра врз основа на приложен бизнис план, појаснува тој.

Во делот на сточарството, вели Јанушев, се обврзуваме да ја зголемиме поддршката на основната мерка за 50 проценти односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

– Се обврзуваме на обрзбедување 80 милиони евра за изградба на нови водоводни системи, вели во видео обраќањето Јанушев.

Back to top button
Close