Јанушев: Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ
Соопштение на ВМРО ВПМНЕ:
Поминаа дваесетина часа од протестот против поскапувањето на струјата на која ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и граѓаните побараа неколку работи.
Прво поевтина струја и секако професионализација на регулаторната комисија и оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски.
Имаме апсолутен молк од владата, Зоран Заев и неговите инсталации во Регулаторната комисија.
Зошто е таков отпорот од власта и мафијата на Заев во однос на нашите барања за покачување на цената на струјата? Имаме молк затоа што имаат бизнис интерес од тоа.
Еве и како.
Вчера бизнисменот Силјан Мицески јавно кажа дека бил финансиер на СДСМ. Тоа никаде го нема во финансискиот извештај на СДСМ. Но затоа истиот ден кога тоа го кажа се појави овој документ.
Ова е Договор за коп на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони 250 илјади евра од РЕК Битола за ископ на јаглен.
Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси.
Затоа, ние продолжуваме со протест и утре пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот, еден час со автомобили ќе ја блокираме раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Протестот ќе започне пред Палома Бјанка.
Овој протест е насочен кон владата и Мафијата.
Поскапата струја значи посиромашен народ.
Ви благодарам на вниманието
Прашање: Ваш коментар во врска со најавата на Вилма Русковска дека поднела тужба против ВМРО-ДПМНЕ во вредност од 10.000 евра.
Одговор: Покрај толку многу скандали, покрај се она би рекол актуелно што се случува во државата, сметам дека Русковска навистина има односно треба да има полни раце работа, односно да се занимава со сите овие скандали кои што се случуваат во Република Македонија. Еве еден од последните и се уште актуелен е пропаѓањето на Еуростандард банка, до сега не видовме буквално ниту еден збор, ни коментар што е преземено или што планира Русковска да преземе имајќи го во предвид фактот дека огромни суми на пари се исплаќале токму на струмички фирми и тоа без покритие. Нека излезе Русковска нека каже нешто за тоа, нека постапи, а потоа ние како ВМРО-ДПМНЕ и како личности ќе одговараме затоа што ја кажуваме вистината.