Јанушев: Се обврзуваме да работиме чесно и посветено за секој граѓанин

– Проверка на имотот на политичарите, зголемени плати и пензии и шанси за младите, вети денеска во Ранковце носителот на кандидатската листа во Третата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“, Игор Јанушев.

Обвинувајќи ги СДСМ за погубни политики, криминал и корупција, Јанушев рече дека во изборната програма, ВМРО-ДПМНЕ нуди 20 проценти зголемување на пензиите, 25 проценти повисоки плати, намалување на невработеноста под 10 проценти, 640 милиони евра за земјоделците, нула данок за младите вработени до 29 години ….

– Македонскиот народ три години сведочи на безброј лаги, манипулации, криминал, корупција и уцени. Впрочем, тоа е се што СДСМ остави за народот во овие три години, истакна Јанушев.

Додаде дека СДСМ е криминална партија која една година наназад не сака да се усвои закон со кој ќе се утврди потеклото на имотот на политичарите.

Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи макотрпно да го врати, како што рече, достоинството на народот.

– Се обврзуваме да работиме чесно и посветено за секој еден граѓанин на Република Македонија. Секој да ги почувствува бенефитите и придобивките од проектите од изборната програма, рече Јанушев.

Back to top button
Close