Јанушев: Зелената агенда на Ахмети е дефокус на јавноста од проблемите
Тој во своето гостување во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека тоа што денеска го најави Ахмети во овој период е всушност дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата.
„Тоа е најдобриот пример како да се долови поентата кога некој најавува нешто такво, што е добар дефокус за јавноста кога излегува со една таква тема. Она што го видовме во последните неколку години, покрај интересот за еврата, парите, криминалот и корупцијата, единствено зелено предводено од оваа Влада се лагите кои што ги пласираа на оваа тема, во однос на заштитата на животната средина и екологијата“, рече Јанушев.
Тој додаде дека после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика, и тие две работи не одат во иста реченица.
Јанушев потенцираше дека на Македонија не и требаат документи и платформи со фокус за заштита на животната средина, затоа што таа веќе има такви документи и конвенции со кои како држава учествува на највисокото светско ниво во оваа проблематика. На Македонија и треба имплементација на овие документи, констатираше тој.
Јанушев, откри дека ВМРО-ДПМНЕ на овие престојни локални избори ќе излезе со одлична понуда за граѓаните, во кои како и во досегашните изборни кампањи, така и во оваа ќе понуди одлични решенија и за оваа проблематика во интерес на сите и која ќе биде препознаена и прифатена од мнозинството граѓани.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ