АО: Сите кои биле во контакт со заразениот вработен во хотелот имаат негативни тестови

 Организаторите на Грен слемот Австралија Опен известија дека сите лица кои биле во контакт со заразениот вработен во хотел во кои престојуваа тенисерите во карантин, имаат негативни тестови.

Вкупно, биле тестирани 507 лица, од кои 160 се играчи.

Претходно, шефот на Австралија опен, Крег Тајли соопшти дека и да се појават позитивни на тестирањето, турнирот нема да биде одложен.

Грен слемот Австралија опен ќе се игра во Мелбурн од 8 до 21 февруари. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close