Апасиев: „Чекај малце премиере…темата беше една изборна единица, не дијаспората”

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи реагира дека на лидерската средба во фокус била темата за воведување на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое според него подоцна се појавило како клучно прашање и „црвена линија“ на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик, се наведува во соопштението од ПП Левица.

-„Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората!? Кај испари тој муабет или важи само за мачкање очи пред камери?”

Back to top button
Close