Апасиев до албанскиот опозициски блок: Ако сега не го ставите ДУИ во опозиција – ќе ве прегазат на наредни избори кога и да бидат

Ако сега не го ставите ДУИ во опозиција тогаш на наредните избори ќе ве прегазат како шлепер жаба. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи им порача на албанските опозициски партии да ги стават емоциите на страна пред гласањето доверба на Владата в четврток.

Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат. ДУИ, од позиција на власт, ќе освои 18 пратеника, а они – максимум 9. Затоа, памет у глава – емоции на страна и се гледаме на седница. Оти, политика е ШАХ, напиша Апасиев на Фејсбук.

 

 

Претходно, пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива рече дека нема да биде дел од ново мнозинство ако во него остане и Левица.

-Вечерва на состанок со потесното раководство на партијата ќе се обидам да ги убедам сите пратеници на Алтернатива да не бидеме дел од новото мнозинство ако Левица остане – изјави пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи за „Слободен печат“.

Меѓутоа, според првиот човек на Алијанса на Албанците, Зијан Села, Пиарот на ДУИ работи против левица и оти ставот на Реџепи-Зејд не мора да значи оти новото парламентарно мнозинство е пропаднато.

Се зборува за една политичка партија којашто е сега формирана и која има два пратеника. Тие ниту се во можност да ја тргнат Македонија од патот на НАТО, ниту се во можност да го тргнат јазикот од законот за употреба за јазиците, а на никаков начин не можат да го тргнат признавањето на Република Косово. Овој начин на водење на ПР е многу низок и го покажува лицето на ДУИ, на кој им е важна само власта. Ако треба да се зборува за нешто антиалбанско зошто не се зборува за СДСМ или за ВМРО или се плашат дека некој ден треба да седнат со нив за да прават власт, а сега се занимаваат со некој потпис на политичка партија која е потпишана само за да падне ова влада, рече Села.

Back to top button
Close