Апасиев го обвини Мицкоски дека нелегално го следи него и неговото семејство
Кога беа протестите против т.н. Француски предлог за бугаризација (2022), ми се јави сегашниот премиер #Мицика, да ме предупреди дека СУМ СЛЕДЕН И ПРИСЛУШКУВАН од Службите, заедно со него и со уште пет-шест имиња кои нема сега да ги откријам, од шо не е моментот. Му се заблагодарив културно на „упозорењето“, иако знаев дека не е искрено, туку од тоа да се самозаштити самиот (оти во тој момент ме бараше скоро секој ден да се слушаме, коо да сме дечко и девојка, скраја да е)…
Денес гледам, не ме спомиња ич и вика дека само он бил следен, пошто ваљда само он бил ОПОЗИЦИЈА на СДС!? Важи брату нарцисоиден, биди така.
p.s. Туку, друго ми беше муабетот – зошто го правиш истото што не сакаш да ти го прават, па денес пак ИЛЕГАЛНО следиш опозиција (вклучувајќи ме и мене со семејството), преку истите служби кои тебе те следеа?
#НатоСтандарди