Апасиев го откажа учеството на лидерската – Треба да биде ден на жалост поради двојното убиство, вели тој

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ноќеска го откажа своето улество на заканата лидерска средба за понеделник (4 декември) и бара таа да се одложи за посоодветен тајминг.

„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори! Поради ова, јас како претседател на Левица го откажувам моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Back to top button
Close