Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица најави дека партијата ќе поднесе кривична пријава за Цвета Ристовска, член на ДКСК, која вчера си поднесе оставка од комисијата, се вели во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално.

„Се лаже госпожата дека овде завршува нашата и ваша борба за поправеден систем! Напротив, нашиот правен тим и спрема и кривична пријава за лажирање на податоците од Анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови, вели Апасиев во објава на социјалните мрежи и додава дека тоа е стипулирано кривично дело според важечкиот Кривичен законик.

Апасиев, укажува и на фактот дека ако Левица не ги објавела серијата скандали поврзани со Ристовска, таа уште ќе била „антикорупционерка” и додава дека е штета што не ја дочекала интерпелацијата, која била спремна и пуштена во собранието.

„Левица стана снајперист за корумпираните! Сѐ повеќе свиркачи и инсајдери се осмелуваат да ни пријават корупција во нивните институции заробени од вмроидните расипани кадри, затоа што во нас препознаваат кредибилни и бескомпромисни фајтери за јавнотот добро“, вели Апасиев.

Тој додава дека Левица ќе продолжи со исто темпо и ги повикува и охрабрува граѓаните кои имаат докази против корумпирани функционери, да им ги достават во Собранието. „Ние гарантираме дискреција и јавно ветуваме дека истите ќе ги обзнаниме пред јавноста и ќе поведеме правни процеси против сите инволвирани, без оглед на партиската припадност“, завршува Апасиев.
https://www.facebook.com/share/p/1ARqasauym/

Back to top button
Close