Апасиев: Левица и уште една македонска партија ќе направат влада, без уцени од албанските партии

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија рече дека на овие избори две македонски партии ќе може да направат влада, а една од тие партии ќе биде Левица.

-И ова со короната, стравот е голем, ќе влијае на излезноста, но и револтот е голем. Така да излезноста ќе биде во рамки на нормалата. Мислам дека ќе се повтори сценариото од 2006 година кога две македонски партии ќе можат да направат влада без уцени од албански партии, бидејќи следен чекот е кантонизацијата. Ние сме едната, ќе видиме која ќе биде другата партија. Без нашите пратеници ќе се падне под уцените на ДУИ, или било која албанска партија, бидејќи тие не се разликуваат по однос на Тиранската платформа, рече Апасиев./Фокус

Back to top button
Close