Апасиев: Муџахедини ми се закануваа по живот, ОЈО ја отфрли пријавата – некој пијаница сочно го опцу Мицкоски и одма притвори, затвори…

„Мене пред некоја година, како тогашен опозициски ПРАТЕНИК, муџахедини ми се закануваа по живот, тело и фамилија – па една обвинителка од ОЈО Скопје (забраам и го името, ќе го најдам по списиве), во два наврата, ми ја отфрли кривичната пријава онака лежерно, демек: – „Тоа е друже, ти сам си одбрал да се бавиш со политика“!?“ пишува на Фејсбук претседателот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев.

Тој вели „Ама еве сега Мицика го ОПЦУЛ сочно некој пијаница, и одма сега притвори, затвори, чуда, врагови… Цело МВР и ОЈО на нозе! Да не биде покусо од Митко Јанчев, де, каде за една пијана пцовка после две ракии ги апсат таму со началникот кавадаречки сите пијаници“.

„P.s. Ај баш деновиве, пошто сега ме испровоциравте, ќе ја најдам пријавата моја и ЌЕ СПОРЕДИМЕ за какви реални закани од радикални структури, скопското Јавно обвинителство не отвори постапка (против моите заканувачи), а за какви „закани“ отвори (против заканувачот на премиерот). Чисто да видите како мери и премерува Обвинителствово наше затуцанко…“ пишува Апасиев.

Back to top button
Close