Апасиев му стави „срце“ на Ахмети

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев му стави „срце“ на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на видеото со кое тој се огради од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Апасиев и од приватниот профил, но и фан страната покажа дека му се допаѓа ова видео на Ахмети.

Лидерот на ДУИ вчера објави видео кое предизвика бура реакции во јавноста, особено кај опозицијата.

Со години постојат напори од различни актери  да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за оставрување на своите цели во секојдневните партиски политики, напиша Ахмети на видеото што го објави на Фејсбук.

Back to top button
Close